„Пак плукајте по Македонија, знаме, химна“ – Мухамеди смета дека Албанија не сака поврзанот со Албанците од државава

Фото: Фејсбук

По скандалот на макдонско-албанската граница, кога тројцa функционери на ВЛЕН биле задржани и не им било дозволено да влезат во Албанија, се огласи и адвокатот Умејр Мухамеди од Скопје.

Тој во објава на својот профил на Фејсбук напиша:

-Вчера на двајца пратеници од Македонија по етничка припадност Албанци им беше забрането влез во Албанија. Полека сите ке дојдат на моето: Дека Албанија е спремна дури на сите Албанци од Македонија да им стави забрана бидејки не сметаат дека имат било каква поврзаност со Албанците од Македонија. Епа пак плукајте по Македонија… Пак плукајте по знамето, химната, Македонците, пак да си носите знамиња на Албанија итн итн. Имајте убав ден и не ја потценувајте сопствената држава, напиша тој!

Прочитајте кои функционери на ВЛЕН биле задржани нграница на линкот: https://kanal77.mk/zoshto-trojca/

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ