Оперативниот директор на ТВ Алсат, Лирим Хајредини утрово е најден починат во ТЦ „Мавровка“, а според МВР на неговото тело имало повреди.
-Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот – се вели во соопштението од МВР.
Прочитајте исто така: Пронајдено телото на Лирим Хајредини, долгогодишен директор на Алсат






