Црни вести од Охрид -Турист од Грузија се удавил во езеро, пријавено исчезнување на 15-годишно девојче

Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од видите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според инфомрациите, немало видливи повреди.

Првичната истрага покажала дека се работи за 46-годишниот Б.Д. од Грузија. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Во меѓувреме, утринава во 5:45 часот во СВР Охрид било пријавено исчезнување на 15-годишна девојка од Охрид.

Нејзиниот 57-годишен татко Н.Ј. пријавил дека вчера околу 16 часот неговата малолетна ќерка К.Ј. се оддалечила од домот. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ