- Зоран Љутков од министер за култура е назначачен за национален координатор за култура
- Има осум национални координатори, меѓу кои Влатко Ѓорчев, Павле Трајанов и Солза Грчева
- Платата на националниот координатор достигнува и до 2000 евра
Најпознат од националните координатори во овој состав од преземањето на власта на ВМРО ДПМНЕ, секако е Влатко Ѓорчев. Таткото на четири деца е задолжен координатор за демографија, млади и човечки ресурси. Но, во негово време, само оваа учебна година се запишани 4900 првачиња помалку во однос на лани. Демографијата се покажа како голем предизвик и за Ѓорчев и актуелната власт, бидејќи процесот на иселување и напуштање на цели семејства на државата е секојдневие.
Слушај радио во живо
Лидерот на коалиционерот на ВМРП ДПМНЕ, Демократски сојуз, Павле Трајанов, продолжи да ја врши функцијата национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, додека Солза Грчева од партијата Глас за Македонија е координатор за високо образование. Поранешната пратеничка од ВМРО ДПМНЕ, Лилјана Затуроска е координатор за локална самоуправа, Верче Мицевска за безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, Блерант Рамадани – за примена на нови технологии, а Сашо Петрушевски за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
Прочитајте повеќе
https://kanal77.mk/sobranieto-ja-izglasa-rekonstrukcijata-na-vladata-izbrani-8-novi-ministri/
Прочитајте повеќе
Сите национални кооординатори имаат заменици, помошници или началници и секретари. Платата им е од 100.000 до 125.000 денари плата со коефициенти во висина од околу 2,33 до 2,87 просечни плати.
Низ годините и промените на владите, на овие позиции се именувани познати поранешни политичари, пратеници или партиски кадри. Во минатото имало национални координатори за кохезија (Рамадан Рамадани) за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка (Роберт Алаѓозоски). Извесен период од својата кариера, национален координатор бил и поранешниот претседател, Стево Пендаровски, а Стојанче Анѓелов беше национален координатор за воени и полициски ветерани.





