Платен убиец од Македонија уапсен во Србија! Кој требло да биде мета?

Фото: Јутјуб

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија вчера во Прибој уапсија државјанин на Северна Македонија, кај кого при идентификацијата е пронајдена лажна лична карта на име Петар Арсенијевиќ, дознава Телеграф.рс, кој објави фотографија од лажната и вистинската лична карта на Македонецот.

Главната опасност е спречена со брзата реакција на полицијата, а надлежните органи моментално интензивно работат на утврдување кој го ангажирал осомничениот, кој требало да биде негова цел во Прибој и дали оваа акција спречила нов планиран напад.

Засега не е познато точно колку пари зел за оваа ликвидација, но извори блиски до истрагата потврдуваат дека станува збор за значителна сума што му била исплатена однапред за извршување на кривичното дело.

Според оперативните наоди од истрагата, уапсениот Македонец во полициските евиденции се смета за изнајмен убиец кој работи директно за кланот Кавачки, а е поврзан и со претходен обид за убиство на Марек Љубиша Кан од Будва. Според истрагата, државјанин на Северна Македонија, Андреј Танасковски (19), минатата година го застрелал Марко Љубиша Кан. Сепак, засега нема официјална потврда дека овие два случаи се поврзани еден со друг.
Истрагата за овој случај е во тек, а повеќе детали ќе бидат познати откако надлежните органи ќе ги утврдат сите околности на овој настан.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ