Кои се двајцата пратеници со имот од милион евра?

Јавно достапните податоци од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), обработени од Центарот за истражувачко новинарство СКУП, откриваат огромни разлики во пријавената имотна состојба на пратениците.

Двајца пратеници ја надминуваат милионската граница, додека неколкумина се на чекор до неа:Исмаил Јахоски – со најмалку 2,287 милиони евра во пријавена вредност, го предводи списокот. Најголем дел од имотот се побарувања од дадени заеми, приходи од закуп и средства на лични сметки. Сумата не е конечна бидејќи за дел од недвижностите во анкетниот лист не е наведена конкретна цена.

Слушајте радио во живо

Мендух Тачи – со околу 1,23 милиони евра, тој е вториот пратеник кој ја надминува милионската граница.

Венко Филипче (лидер на СДСМ) – се наоѓа на третото место со пријавен имот од 850.659 евра (вклучувајќи шест станови во Скопје, мотор „Indian Pursuit“ и хартии од вредност за кои не е наведена точна финансиска вредност).

Прочитајте и за ова:

Не переле пари, утврдило ОЈО ГОКК и ја затвори истрагата за снабдување со мазут за ТЕЦ „Неготино“, сите осомничени остануваат на слобода

На чекор до нив се и:

• Ѓорѓија Сајкоски (ВМРО-ДПМНЕ) – 802.601 евро

• Димитар Ковачевски – 645.945 евра (со неодамна променета имотна структура)

• Горан Мисовски – 596.940 евра

• Моника Зајкова – околу 582.000 евра

Во поширокиот врв на листата се наоѓаат и Халил Снопче (550.000 евра), Илир Хасани (451.538 евра), Бејџан Иљас (430.000 евра), Илир Демири (406.497 евра) и Фатмир Битиќи (400.980 евра).

Овие бројки треба да се толкуваат со внимание. Анкетните листови не претставуваат класична проценка на нето-богатството, туку го прикажуваат само имотот и средствата што самите функционери и нивните семејства ги пријавиле пред надлежните институции.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ