Почина Ратко Младиќ, екс командант на војската на Република Српска

Фото: Видео принтксрин

Поранешниот командант на Главниот штаб на војската на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 83-годишна возраст – потврди државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ, повикувајќи се на информација од син му Дарко Младиќ.

Младиќ служеше доживотна казна затвор за геноцид и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Прочитајте исто така:„Татко ми е на крај од животот“ – Генералот Младиќ имал два мозочни удара и веќе не зборува

Младиќ од 2024 година се наоѓаше во притворската болница во Хаг, каде што во последната една и пол година беше постојано врзан за кревет поради тешки здравствени компликации. Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, а имаше и сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите. Поради тоа, тој повеќепати беше хоспитализиран и подложен на повеќе медицински процедури и оперативни интервенции на срцето и ногата.

Механизмот за меѓународни кривични трибунали во Хаг претходно ги отфрли сите барања на неговата одбрана и семејството Младиќ од хуманитарни причини да биде пуштен на соодветно лекување и палијативна нега во Србија. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ