Стоп за 35 тони македонски и албански пиперки на бугарската и хрватската граница

Повеќе од 35 тони пиперки со потекло од Албанија и Македонија се блокирани и уништени во Хрватска и Бугарија откако лабораториските тестови на граничните премини покажаа присуство на пестициди над дозволените граници.
Блокиран извозот на 35 тони пиперки
  • Ова е втора пратка на македонски пиперки кои се вратени од бугарската граница поради пестициди
  • Пратката била транспортирана преку македонски трговец кој ги откупил пиперките од албански земјоделец со намера за реекспорт во Хрватска

Хрватските власти уништија 14,7 тони црвени пиперки увезени од Албанија, кај кои е откриена концентрација од 0,050 mg/kg од фунгицидот проквиназид — супстанција чија употреба воопшто не е дозволена за овој тип зеленчук.

Слушајте радио во живо

Пратката била транспортирана преку македонски трговец кој ги откупил пиперките од албански земјоделец со намера за реекспорт во Хрватска. Според првичните информации, трговецот тврди дека не бил запознаен со присуството на хемикалиите во производот.

Прочитајте и за ова:

„ Семка по семка садиме во леите, корен по корен садиме во нивите“ – Што кажаа земјоделците изиграни од откупувачите

Во изминатиот месец, Бугарската агенција за безбедност на храната заплени и спречи увоз на две пратки со пиперки од Македонија, во вкупна количина од 21,1 тон:

  • Заплена во септември: 9,5 тони пиперки се одземени на границата и се подготвуваат за уништување.
  • Случајот од август: Пратка од 11,6 тони беше вратена назад во Македонија поради регистрирани високи нивоа на пестициди.

Од надлежните служби во двете земји нагласуваат дека редовните лабораториски контролa и санитарни проверки на граничните премини ќе продолжат со засилен интензитет со цел заштита на здравјето на потрошувачите и безбедноста на храната на европскиот пазар.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ