Шест полицајциу ќе бидат отстранети од работа за претепување на двете момчиња

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања.

-Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место-суспензија, информираат од МВР и додаваат:

-Во однос на пријавите за кривично правните настани поднесени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на надлежните обвинителства се издаваат наредби за вештачење по кои се постапува. По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се вели во соопштението од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ