Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно

Фото: Јутјуб

Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала.

-На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно. Во фокусот на разговорите беа можностите што директната авиолинија ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји, информираат од МНР.

Министерот Муцунски оцени дека воспоставувањето на директната линија претставува конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра меѓународна поврзаност.

Воедно, беше истакната значајната улога на Амбасадата во Обединетите Арапски Емирати во остварувањето на оваа цел, преку посветена и континуирана работа во изминатиот период.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ