Авион на „Пегасус Ерлајнс“ се обидел да полета во погрешна насока

Фото: Јутјуб

Германската контрола на летање соопшти дека во вторникот авион на авиокомпанијата „Пегасус Ерлајнс“се обидел да полета во погрешна насока од аеродромот во Франкфурт.

Портпаролот на германската контрола на летање (ДФС), потврдил дека авионот „Ербас А321“ кој требало да лета за Истанбул, почнал да се движи во погрешна насока, по што пилотите го прекинале полетувањето при брзина од околу 65 километри на час.

– Ова не се случува често, а особено не во Германија. За среќа средивме на време и не се случи ништо лошо, изјавил тој, истакнувајќи дека авионот од писта 18, наместо кон југ почнал да се движи кон север, при што веднаш им било наредено на пилотите да ја напуштат пистата.

Случајот е пријавен до Сојузната канцеларија за истрага на воздухопловни несреќи (БФУ). Без дополнителни детали, за инцидентот сведочи и компанијата „Фрапорт“ (Fraport) одговорна за аеродромот.

Според првичните информации изнесени од „Д Ејвиејшн Хералд“ (The Aviation Herald), авионот седум минути подоцна без проблеми полетал во правилната насока. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ