Вкупно 352 бугарски државјани гласале на седумте избирачки места отворени на територијата на Македонија на вчерашните избори за претседател и потпретседател на Бугарија, а најголем број гласови освоила кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев, соопшти бугарската Цнетрална изборна комисија.
Избирачки места беа отворени во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Кочани и Прилеп.
Претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев освои 40,7 отсто од гласовите, Андреј Ѓуров и Георги Кандев се на второто место со 25,6 отсто од гласовите, додека Костадин Костадинов и Петар Волгин освоија 14,5 отсто.
Идниот претседател и потпретседател на Бугарија ќе се знаат по вториот круг на 1 ноември, а бугарските граѓани ќе избираат меѓу претседателските двојки Јотова – Влчев и Ѓуров – Кандев.
Според обработените 95,29 отсто од записниците на национално ниво, двојката Јотова-Влчев има освоено 34,60 отсто од гласовите, додека двојката Ѓуров-Кандев има освоено 32,04 отсто. МИА







