- Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека Словенија ќе го блокира евроинтегративниот пат на Србија додека целосно не ги предаде сите тајни архиви на УДБА, СДВ, ЈПА, ЗСНЗ и другите поранешни служби на поранешна СФРЈ кои се однесуваат на Словенија.
- Потегот е насочен кон европската комесарка за проширување, Марта Кос, при што Јанша се повика на белешка од истражувачот Игор Омерза и неговата книга во која се тврди дека таа соработувала со УДБА, обвинувања кои Кос претходно ги отфрли.
- Аналитичарите предупредуваат дека Словенија има механизми на неодредено време да го блокира влезот на Србија во Унијата.
Наместо традиционална честитка до победниците на српските избори, словенечкиот премиер Јанез Јанша испрати остра порака со ултиматум до Белград. Соопшти дека Словенија нема да даде согласност за никаков европски напредок на Србија сè додека целосно не ѝ ги предаде на словенечките власти сите архиви на УДБА, СДВ, ЈПА, ЗСНЗ и другите поранешни служби на поранешна СФРЈ кои се однесуваат на Словенија.
Слушајте радио во живо
Алузии на Марта Кос и обвинувања за соработка
Овој потег на премиерот Јанша е насочен кон европската комесарка за проширување, Марта Кос, чија неодамнешна изјава за отворените врати на Европската Унија кон Србија претходеше на целата ситуација. Јанша објави и белешка од истражувачот Игор Омерза и неговата книга посветена на Кос, каде што врз основа на словенечки архиви се тврди дека таа соработувала со УДБА.
Самиот Омерза смета дека барањето е оправдано, додавајќи дека отворањето на сите тајни архиви на политичката полиција е долгогодишно барање на ЕУ.
„Секако, ова е многу важно прашање за да се разјасни како се случиле овие работи во Словенија, бидејќи дури и денес не знаеме точно кои биле сите соработници на УДБА“, изјави Омерза за 24ур.
Прочитајте на темата:
Реакции: Одбивање на обвинувањата и сомнежи за внатрешни пресметки
Марта Кос јавно не го коментираше најновиот развој на настаните, но во повеќе наврати досега ги отфрлила обвинувањата дека работела како информатор за југословенската тајна служба.
Од партијата „Свобода“, од чии редови беше предложена Кос за европски комесар, остро реагираа на објавата на словенечкиот премиер. Пратеникот и секретар на партијата, Матеј Грах, оцени дека Јанша ја користи победата на демократијата за дневни политички цели.
„Немам проблем со отворањето на архивите. Знаеме дека Доналд Трамп се изгоре кога отвори некои документи, а можеби и г-дин Јанша ќе се изгори. Проблематично е што премиерот очигледно ја експлоатира оваа ситуација за внатрешнополитичко пресметување со оние со кои никогаш не се согласил“, истакна Грах.
Прочитајте и за ова:
Јанша го покани Трамп во Словенија, тој ветил дека ќе дојде
Дали Словенија подготвува блокада?
Потезите на Љубљана отвораат сериозни прашања за тоа дали ЕУ се соочува со нова регионална блокада. Според дописникот од Брисел, Петер Жерјавиќ, земјите-членки често користат национални услови во различни фази од евроинтеграциите, потсетувајќи на слични барања од други соседи во регионот.
„На Јанша ќе му биде тешко да направи чекор назад по оваа решителна објава, што значи дека нешто ќе мора да се случи во врска со архивите“, нагласува Жерјавиќ, предупредувајќи дека Словенија има механизми на неодредено време да го блокира влезот на Србија во Унијата, но останува прашањето дали тоа навистина е во долгорочен национален интерес.





