МВР информира дека е уапсена жената, која наплаќа билети за локалитетот „Камени кукли“.
-На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б.(41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли” се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.






