Да не се изненадите при регистрација на возилото – една давачка порасна за повеќе од двојно

Комуналната такса за користење на улиците со моторни возила, кој се плаќа при нивната регистрација, се зголмени за нешто над 50 отсто.
поскапе комуналната такса за возилата
Фото: Фејсбук
  • Се плаќа во зависност од кубикажата
  • Таксата е за користење на улиците

Оваа такса се утврдува со Законот за комуналните такси и пред последното зголемување, сумите беа значително помали во зависност од зафатнината на моторот.

Повеќето патнички возила низ нашите улици се меѓу 1500 и 1800 и над 1800 кубици – зголемувањето е од 200 на 400 денари и од 300 на 600 денари.

Слушајте радио во живо

Со измените, таксата за патнички возила до 1000 кубика од 30 денари поскапе на 70 денари. За возила од 1000 до 1300 кубика од 50 денари поскапувањето е на 100 денари. Патнички возила од 1300 до 1500 кубика: изнесуваше 70 денари (поскапе на 130 денари).

Прочитајте и за ова:

Расте профитот од патарините – над третина се од таговите и М-карт

Патнички возила од 1500 до 1800 кубика: изнесуваше 200 денари (поскапи на 400 денари). Патнички возила над 1800 кубика: изнесуваше 300 денари (поскапи на 600 денари). Товарни возила (по тон носивост): изнесуваше 70 денари (поскапи на 130 денари). Автобуси и возила за превоз на патници: изнесуваше 350 денари (поскапи на 700 денари) и за мотоцикли од 30 денари на 70 денари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ