Полицајци од Радовиш лажеле дека биле на терен и во извештај запишале возила кои не ги контролирале

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа” по член 361 и против Б.Б.(38) од Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство” по член 22, а во врска со „фалсификување службена исправа” од Кривичниот законик.

-На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник, првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка, регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум не биле запрени и контролирани од полициски службеници, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ