„Ако си богат не значи дека си подобар од другите“ – Душан Пецовски од Реплек, гостин во Стадион

Душан Пецовски, генералениот менаџер на „Реплек“ беше гостин во новото издание на емисијата Стадион на Канал77, кој откри многу работи за бизнисот, работењето и успехот на „Реплек“, но и за она што значи да се биде бизнисмен во Македонија и направи споредба на однесувањето на бизнисмените кај нас и во странство.

Пецовски од банкарскиот сектор доаѓа во фабриката „Реплек“ и, според сите показатели, тоа многу успешно го работи. Тој живеел во Франција две години, во Австрија над 14 години и оттаму неговото однесување е како бизнисмен од Запад, отколку од Македонија. Зошто? Македонските бизнисмени се возат со бесни коли, за разлика од него, и не само во скромноста во зборувањето, туку и пристигнувањето на интервју со просечен автомобил.

-Ние сме компанија ориентирана во инвестиции производство и модернизација. Сметам дека „шкодата“ е сосема добро возило, со оглед дека најголемата дистанца во Македонија е два до три часа, се друго е авионски превоз. Морам да признам дека ниту во Франција, ниту во Австрија не сум користел возило, бидејќи многу добро е организиран јавниот превоз. Теба да сте голем љубител на автомобил за да користите возило во Виена, рече тој и објасни каков е неговиот пат до бизнисот.

-Се описменив на германски јазик, македонски научив дури на 10 години. Денес кога гледам филм, го гледам на германски јазик. Кога сте млад, во средно школо доаѓа време да одлучите што да студирате. Јас одлучив на компјутерски науки и паралелно на Економски факултет. Не знаев што сакам. Дури кога почнав да стажирам во едно сметковотствено било во Виена одлучив да магистрирам финансии. Се вработив во една, па во друга банка, но сватив дека повеќе ми лежи продажбата и ми се укажа прилика во „Реплек“, бараа претставник за странски пазари и тоа ми се виде интересно.Од една страна ми се враќаше во Македонија, а од друга си реков наша компанија, го гледам потенцијалот, кој не беше искористен и решив да пробам. Во 2011 година бевме присутни во пет земји, а сега сме во 25, рече тој.

Пецовски е еден од ретките, кој место во странство, како што е вообичаено, решава да се врати дома.

-Моето заминуваање во странство не беше по моја одлука. Родителите во 1988 година одлучиле да заминат, татко ми имаше поинакви сфаќања. Моето враќање ги зачуди сите, еден не ми рече браво за одлуката. Ми велеа-дали си ти нормален, ти си образуван во друг систем, менталитетот е поинаков, Јас кога дојдов во 2011 година дојдов како во странска држава. Ми беше предизвик. Секогаш сум размислувал различно од масата. Сум имал сопствен став и мислење. Така ме едуцирале родителите, а и системот во Австрија е таков. Тој те наведува да размислуваш самостојно, сам да носиш одлуки, но и да си ја сносиш одговорноста. Многу дисциплина и многу работа, додаде тој.

По враќањето најмногу го разочарал стравот од успех. Стравот на општата маса, на колеги, на вработени.

-Доаѓаш млад, полн со елан, си видел систем што функционира и сакаш да го примениш тука. Сметаш дека може и знаеш дека може. Отпорот е енормен. Зошто да правиме поинаку. Лугето се плашат од промени и навики, а јас го сакам обратното. Па макар и да погрешам ама знам дека сум се обидел. Стравот од успех е што ако успеме, тогаш ќе ни се отвори работа, нели, објасни Пецовски.

Тој го спореди и однесувањето на богатите кај нас и во странство.

-Кај нас можеби е посрамно како имотните луѓе се однесуваат во општеството. Ако си успешен или богат не значи дека колата може да ја оставиш на тротоар или пред влез или да влегуваш во кафеана како да си се качил на Марс. Ти треба да си пример за другите. Да има повлеченост, резервираност, понизност, Тоа што си богат не значи дека си подобар од другите. Возилото со кое дојдовме не е лажна скромност, едноставно моите убедувања се тие. Во Австрија не можеш да ги забележиш богатите. Има смејства кои со генерации имаат натрупано богатство, а се возат со јавен превоз, во метро, трамвај, чекаат на автобуска. Мислам дека ако имаш не значи дека треба да му го триеш некому на нос. Напротив треба да си пример, рече Пецовски.

Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ