Дали „машкиот надзор” е новата владина политика?! ЛДП шокирана бара да се изгласа законот за електронска нараквица за насилниците

Фото: Фејсбук

ЛДП гневна на шокантните изјави на владиниот партнер Петар Богојески и прашува: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор” е новата владина политика?! Владиниот партнер е најдобар кандидат за електронска нараквица!

Во соопштението од ЛДП, Зајкова вели:

-Некаков средновековен „машки надзор” е скандал од невидени димензии, реагира со огорченост Либерално-демократската партија (ЛДП) на огласувањето на коалициониот партнер на власта на национална телевизија, со отворено оправдување на насилството врз жените! Ова е директен атак врз достоинството, слободата и безбедноста на секоја жена во Македонија. Го прашуваме Премиерот да одговори веднаш: дали ова е официјалниот став на Владата и дали токму поради вакви шовинистички сфаќања во сопствените редови со месеци се блокира и не се изгласува законското решение за електронски нараквици за насилниците?

„Особено е алармантно што ваквото дивјаштво го промовира професор на Воената академија ‘Генерал Михаило Апостолски’. Воената академија и Министерството за одбрана должат итни одговори пред јавноста – дали вака се обучуваат идните офицери на македонската Армија и дали од нив утре треба да очекуваме тепање на нивните колешки, сопруги, ќерки и сите граѓани?”, прашува лидерката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, која во неколку наврати го предложи законското решение за носење на електронска нараквица за осудените престапници за домашно насилство.

„Токму за ваквите скриени и потенцијални насилници како дотичниот владин партнер е потребно итно донесување на ова законско решение,” заклучува Зајкова.

Доколку Премиерот, Владата и Министерството за одбрана веднаш јавно не се оградат и не го осудат овој говор на омраза, ЛДП ќе ги смета за директни соучесници и главни виновници за секој нов подигнат глас, за секој удар и за секоја следна жртва на семејно насилство во државата.

Прекинете со глупави изговори – изгласајте го законот за електронска нараквица веднаш!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ