Компјутерџија од УГД бришел оценки, запишувал семестар без услов… Полицијата го тресе универзитетот


Полиција од утрово го тресе Универзитетот „Гоце Делчев во Штип.

Според информациите од СВР Штип станува збор за акција во врска со сторени кривични дела за злоупотреба на службена положба.

-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста, информираат од СВР Штип за Канал77.мк.

Неофицијално станува збор за компјутерија, вработен во ИТ секторот на УГД, кој бришел оценки, внесувал бодови, а запишувал и семестар без фатен услов. Ова особено било забележано кај студенти од Турција, секко за поголема сум пари.

Од СВР Штип ветија детали по завршување на акцијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ