Во текот на прес конференцијата во Брисел попладнето, каде беа презентирани акценти од извештаите за напредок на десет земји, меѓу кои и Македонија, новинар имаше едно подолго прашање за еврокомесарката Марта Кос. Новинарот се осврна на отворените прашања меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ и особено се задржа на односите меѓу Софија и Скопје.
Слушајте радио во живо
„Го поставувам прашањето кон вас бидејќи сега, а меморијата ми се враќа назад – вашата земја ја блокираше Хрватска пред 8 или 9 години, а сега Хрватска е повеќе или помалку во иста ситуација со Црна Гора. Па, целата енергија што ја изразувате секојдневно откога ја презедовте функцијата, не ја гледам во помагањето на Македонија и Бугарија да ги решат овие прашања“, рече новинарот.
Прочитајте и за ова:
На ова еврокомесарката Кос имаше сосема краток одговор:
„Ох, ве молам! Ние правиме доста многу за односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, но не кажуваме сè“, одговори Кос.
Но, што се крие зад тоа: „Не кажуваме сè“ или беше само оправдување во моментот?







