Полска се обедини во солидарноста за повредените полицајци – за 24 часа собрани над еден милион евра донации

Првичната цел беше да се соберат 3 милиони злоти, но оваа сума беше достигната веќе вчера околу пладне во недела. Оттогаш, сумата само расте, надминувајќи 4,5 милиони злоти.
Пукање во Краков Полска принт скрин
Полска се обедини во солидарноста за повредените полицајци – за 24 часа собрани над еден милион евра донации
  • „За хероите од Краков и нивните семејства. За луѓето кои ризикуваа сè“, напиша во описот на повикот за собирањето на средствата.
  • Добри вести за двајцата повредени полицајци во пукањето – повеќе не се во кома
  • На списокот на донатори се наоѓа бизнисменот Бартош Гибала, брат на градоначалникот на Краков, и член на семејството Корал, познато по производството на сладолед. Овие лица дадоа најголем придонес.

Полицајците Јакуб Кулик и Артур Морански, двајца полицајци кои беа повредени додека беа во потрага по вооружен човек во Краков, излегоа од кома. Благодарение на нив, 24-годишниот Михал Оксински беше совладан откако пукаше во случајни минувачи во саботата околу 15 часот на плоштадот во полскиот град краков. Во нападот загинаа шест лица, а 16 беа хоспитализирани, вклучувајќи ги повредените полицајци.

Слушајте радио во живо

Напаѓачот Оксински почина од здобиените повреди, додека лекарите се бореа за животот на двајцата повредени полицајци Кулик и Морански.

Како што пишуваат полските медиуми, тешко дека полицаецот Кулик ќе можеше да прежии доколку не била брзата реакција на двајца хирурзи, професорите Михал Педзивјатр и Матеуш Виердак. Случајно, двајцата доктори биле во близина на плоштадот во времето на нападот. Двајцата веднаш дотрчале и укажале помош на повредените.

Прочитајте и за ова:

„Сејф Сити“ во Штип и Струмица до крајот на годинава

„Посветеноста на Матеуш во запирањето на крварењето на најтешко повредениот полицаец несомнено му го спасила животот. Тој, буквално ги ставил сите завои во градите и ги ставил рацете внатре. Да не беше тоа, не знам како ќе се одвиваа работите, бидејќи мораше да почекаме некое време додека дојде брзата помош, бидејќи мора да запомниме дека амбулантните возила биле испратени на други локации“, рече професорот Михал Педзивјатр.

По инцидентот, Кшиштоф Становски од онлајн медиумот Канал Зеро, започна со собирање средства за повредените полицајци на веб-страницата Zrzutka.pl.

„За хероите од Краков и нивните семејства. За луѓето кои ризикуваа сè“, напиша тој во описот на повикот за собирањето на средствата.

Првичната цел беше да се соберат 3 милиони злоти, но оваа сума беше достигната веќе вчера околу пладне во недела. Оттогаш, сумата само расте, надминувајќи 4,5 милиони злоти.

Донирано е над 81.000 пати. Меѓу најдарежливите донатори бил бизнисменот Бартош Гибала, брат на градоначалникот на Краков, Лукаш Гибала. Неговото име на страницата за собирање средства е наведена сума од 200.000 злоти. Наведена е и Моника Корал-Урбанчик, која донираше 100.000 злоти. Таа е ќерка на Јозеф Корал, коосновач на семејната компанија за сладолед.

Прочитајте уште:

„Се плашам дека срцето ќе ми застане, а дома сум сам“ – Познатиот штипски тапанар Васко Попадинов има потреба од помош

Петнаесет лица повредени во нападот во саботата се лекуваат во шест болници во Краков. Четиринаесет од нив се во стабилна состојба, додека еден полицаец кој помогнал во апсењето на напаѓачот е во сериозна состојба.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ