Во Основниот суд во Кочани денеска продолжи судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, поврзани со несреќата со смртни последици кај Кочани. На денешното рочиште беше одбиено барањето на обвинетата за вклучување преку видеоврска, бидејќи, законските одредби не дозволуваат онлајн судење за обвинети.
Судењето продолжи во нејзино отсуство, со оглед на тоа што таа веќе е недостапна за органите на прогонот и по неа е распишана меѓународна потерница.
Михаилова денес се огласи преку изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), каде што тврдеше дека не бега од правдата, туку дека заминала на лекување бидејќи во Македонија немало соодветни услови за нејзината здравствена рехабилитација.
Обвинителството инсистира стручни лица да утврдат дали нејзината здравствена состојба навистина налагала итен третман надвор од државата или пак медицинските белешки се користат како параван за легализирање на нејзиното бегство и избегнување на притворот.
-Судењето е одложено за 27 ноември. Додека траеше судењето од адвокатската канцеларија од Бугарија стаса жалба зошто и е одбиено барањето таа да се вклучи видео, но судијатата им го одби. Судијата на идното рочиште предложи да сведочи докторот кој ја правеше обдукцијта и вештаци од одбраната. Инаку, денес повторно беше кажано дека сообраќајката се случила на страната на автомобилот во кој бил брат ми, не како што се сака да се претстави. Што да кажам, вештаците на одбраната на обвинетата ги читаа одговорите на прашањата. Имаше некој пратеник од Бугарија, кој среде судење сликаше со мобилен, па го опоменаа. Јас само немо посматрам, гледам што се случува врз името на млад згаснат живот, рече Бки Дурмиши, брат на загинатиот во таа сообраќајка.
Судскиот процес ќе продолжи до крајот на месецов и се очекува судот да се произнесе по барањето на обвинителството за медицинско вештачење и да бидат изведени дополнителни материјални докази.
Михаилова вчера гостуваше во поткст во Бугаија и рече:
„Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка“.







