- Цената на електричната енергија на слободниот пазар бележи драстично зголемување — за октомври во однос на септември е покачена за 44%, додека во однос на јуни е двојно зголемена
- Предупредување до компаниите: До стопанствениците кружи писмо со апел за економска и психолошка подготовка поради можноста од нов силен енергетски удар.
Деновиве до компаниите кружи писмо во кое се укажува дека следните денови е веројатен пораст на цената на електричната енергија што се набавува на слободниот пазар. Да бидат подготвени – психички и економски, бидејќи ако се суди по цените кои вртоглаво растат, ништо чудно да се повтори ситуацијата од 2022 година, кога цените достигнаа плафон.
Слушајте радио во живо
Засега, простата математика укажува дека цената на електричната енергија за октомври во однос на септември е покачена за 44%. Во однос на јуни, има двојно покачување.

За илустрација, на една од најпознатите европски берзи – Хупекс од Унгарија, за утре во 17 часот се очекува киловат да се набавува за 457 евра. Претходно со денови се набавуваше меѓу 80 и 90 евра.
Прочитајте и за ова:
Кој апарат во кујна троши најмногу струја? Три пати повеќе од фрижидерот
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека преку зголемување на производството на електрична енергија во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, преку обезбедување јаглен од Косово, како и со рестартирање на ТЕЦ „Неготино“,Владата планира да обезбеди стабилно снабдување во текот на зимата, да спречи посериозно зголемување на цената на струјата и да ја спаси земјата од европскиот енергетски ценовен шок.







