Ходаи: Мицкоски станал редовен професор со трудови објавени во предаторски списанија

Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени повторно го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски, овојпат за неговото академско напредување и научните трудови. Тој тврди дека дел од публикациите биле објавени во предаторски списанија.
Бленди Ходаи, Форум за образовни промени
Бленди Ходаи, Форум за образовни промени
  • Ходаи тврди дека Мицкоски објавувал научни трудови во списанија од Биловата листа.
  • Посочува труд во кој премиерот е коавтор со својот татко.
  • Полемиката следува по размената на пораки околу студентскиот оброк и критиките за професорската титула на Мицкоски.

Бленди Ходаи, од Форумот за образовни промени, во својата изјава ја отвори темата за изборот на Мицкоски во звање редовен професор на Машинскиот факултет при УКИМ во 2019 година. Тој го оспори начинот на кој премиерот ја градел академската кариера, повикувајќи се на податоци од универзитетскиот билтен и на публикации во научни списанија.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Ходаи: Мицкоски објавувал трудови со татко му во предаторски списанија

„Ајде пак да го критикуваме премиерот Мицкоски, ама не како премиер, туку како професор, оти тој многу сака да го нарекуваме редовен професор, па да видиме како станал редовен професор во 2019 на Машински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ако го видите билтенот на универзитетот, како премиерот станал редовен професор, во научната дејност ќе видите дека има објавено труд заедно со татко му, ја знаете фамозната изрека „Што прави татко за син? Пишуваат трудови заедно.“ – вели Ходаи.

Трудот е објавен во едно списание што се вика Дејвид Паблишинг. Дејвид Паблишинг е едно од списанијата што според Биловата листа, каде што се вклучени сите предаторски списанија, е меѓу тие предаторски списанија. Така нема многу смисла кога премиерот ќе ви зборува за интегритет, кога ќе ви зборува за достоинство, кога истата академска кариера ја има градено со објавување на трудови во неколку предаторски списанија“, изјави Ходаи.

Полемиката почна со студентскиот оброк

Изјавата доаѓа по неколкудневната јавна размена на пораки меѓу Ходаи и Мицкоски, која започна со критиките за висината на субвенционираниот студентски оброк. Ходаи претходно иронично побара студентите да можат да ги користат поволностите што ги имаат функционерите во бифеата на Собранието и Владата, споредувајќи ги нивните цени со износот што им е достапен на студентите.

Мицкоски одговори дека бил непријатно изненаден и шокиран од начинот на кој Ходаи зборувал за универзитетските професори. Премиерот истакна дека и тој и министерката за образование и наука Весна Јаневска се редовни професори и дека со години работеле со студенти. Тој оцени дека е непристојно професорите да бидат понижувани и навредувани, додавајќи дека Владата е пријател и поддржувач на студентите.

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно“. – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Ходаи го повика Мицкоски на дебата среде чаршија

По реакцијата на премиерот, Ходаи му одговори дека критиките кон него како премиер не треба да се толкуваат како навреди кон професорската фела. Во видео-порака го повика на јавна дебата и му порача самиот да избере дали ќе настапи како претседател на Владата или како универзитетски професор.

„Навреда е исто така да станете професор на факултет како асистент на татко ви“, му порача Ходаи, според објавената изјава.

Ходаи бара директно соочување за студентскиот оброк и односот на институциите кон студентите. Засега нема потврдена информација дека Мицкоски ја прифатил поканата за дебата.

Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ