- Ако го менуваме нашиот Устав само затоа што некој сака да го смени нашиот идентитет, тогаш сигурно ова не е поврзано со проширувањето
- Домбровскис сподели анализа на ММФ која покажува дека за оние земји кои се приклучија кон ЕУ во 2000-тите, БДП по жител бил за 35% повисок по 10 години и за 47% повисок по 15 години во споредба со сценариото ако не се приклучеа
На панелот на кој беа поканети да зборуваат премиерите на три земји кандидатки – Македонија, Црна Гора и Албанија, премиерот Христијан Мицкоски ги повтори фактите за долгогодишниот обид Македонија да стане земја членка на ЕУ. При тоа, како што рече, очекува „промената на — практично, проширувањето треба да биде насочено кон менување на институциите, модернизирање на институциите, правење тие да бидат поодговорни, посигурни, отворени за граѓаните“.
Слушајте радио во живо
-Ако го менуваме нашиот Устав само затоа што некој сака да го смени нашиот идентитет, тогаш сигурно ова не е поврзано со проширувањето. И ова ќе го загрози кредибилитетот на процесот на проширување, рече Мицкоски.
На прашањето дали ова значи дека овој маратон ја прави земајта уморна, Мицкоски кажад ека не сме песимисти, туку мошне активни и конструктивни во реформите и останува членството стратешка цел.
На процесот на проширување еврокомесарот Валдис Домбровскис одговори со наслови на песни. Една од нив беше „Зборувај ми лаги“.
Прочитајте уште на темата:
-Ни треба искреност од двете страни. Мораме да бидеме брутално искрени. Земјите членки мора да престанат да се преправаат дека сакаат проширување, а некои од земјите кандидатки мора да престанат да се преправаат дека се реформираат. Но, ни треба брутална искреност едни кон други“, одговори Домбровскис.
Домбровскис сподели анализа на ММФ која покажува дека за оние земји кои се приклучија кон ЕУ во 2000-тите, БДП по жител бил за 35% повисок по 10 години и за 47% повисок по 15 години во споредба со сценариото ако не се приклучеа.
Прочитајте и за ова:
-Проценката е исто така дека овој успех може да се повтори. Значи, постои анализа што сугерира дека во случајот со Западен Балкан и Молдавија, тие би можеле да постигнат зголемување на БДП по жител од некои 30 до 35% во рок од една деценија од пристапувањето. Значи, гледаме дека има јасна опиплива економска корист за оние земји кои се приклучуваат, рече Домбровскис.
На панелот не изостанаа условувањата на Хрватска за Црна Гора, како и потсетувањето за албанскиот премиер Еди Рама на „Фламенго револуцијата“ во неговата земја. Како контрааргумент, Рама потсети на се’ потешките условувања за секој нова потенцијална членка, употребувајќи метафора со невеста до која не може да се дојде.
Уште на темата:
Корупцијата и понатаму е распространета, Бугарите во Устав..! Извештај на ЕК
-За секоја следна земја, процесот е многу потежок во поглед на барањата, бидејќи „мачителите“ – односно Комисијата – постојано ги усовршуваат своите методи на „мачење“. Бидејќи, кога ќе речат: „Добро, ајде да ја примиме оваа земја“, а потоа ќе се појават одредени недостатоци, тие велат: „А, добро, значи тука треба уште повеќе да ги ’мачиме‘“. И така, оние што доаѓаат по нив се подложени на уште поголеми „маки“. Ако ги погледнете денес Црна Гора или Албанија, во споредба со кандидатите што пристапиле претходно во истата фаза, ние направивме многу повеќе од нив пред самото пристапување. Всушност, Европската комисија на секој чекор бараше од нас да ги почитуваме правилата што ќе важат за нас откако ќе станеме членки. Значи, на некој начин, ние ги почитуваме правилата на бракот, а сè уште немаме можност ниту да бидеме во иста просторија со невестата. Знаете, тоа е… сакав да кажам „кастрирачки“, но ќе речам – фрустрирачки, рече албанскиот премиер.
Во таа игра на зборови Рама употреби метафори со директни пораки со Урсула Фон Дер Лајен.
– Ако Урсула нè остави надвор, во соседството, пред да нè прими дома, постои ризик децата воопшто да не се вратат дома. Не дај Боже, некоја ќерка може да се заљуби во руски гангстер — што, кога си млад, изгледа многу попривлечно од Европската унија. Или, пак, друга ќерка може толку многу да се заигра со кинески играчки, што воопшто нема да сака да се врати дома. Затоа, не е добра идеја да нè оставате таму, на отворено, заврши Рама.
Пратеникот во Европскиот парламент, Тајс Ројтен повика ЕУ да го исполни даденото ветување од Солун, додавајќи дека претходната Комисија го имаше свој геополитички момент, но потребно е земјите-членки да ја разберат геополитичката неопходност од овој проект, а истовремено и да ги исполнат ветувањата што беа дадени.









