Струмичанец паркирал две возила, на едното не кренал рачна, па го прегазило

Мало невнимание може да ви го загрози живото. Такво нешто се случило во Стумица, кога маж паркирал две возила, од ки едното го прегазило.

-На 17.11.2026 околу 20:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„5 Ноември” во Струмица, 35-годишниот Џ.Ш. од Струмица се здобил со тешки телесни повреди од удар од патничко возило. Имено, тој ги паркирал двете патнички возила „пежо” и „мерцедес” со струмички регистарски ознаки на улицата едно позади друго. Притоа, Џ.Ш. не ги преземал сите потребни мерки за безбедно паркирање и возилото „мерцедес” само се придвижило и удрило во него и во возилото „пежо”, кое било прво паркирано. Веднаш по несреќата, Џ.Ш. бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ