Жените повеќе не мора да носат костими за капење на базен! Важна одлука во германски град

Фото: Јутјуб

Градскиот совет на Хајделберг смета дека сегашното правило според кое на мажите им е дозволено да пливаат без горниот дел од костимот за капење, додека на жените не, не е во согласност со правилата за родова еднаквост и заштита од дискриминација.

Градскиот совет на германскиот град Хајделберг, на југозападот од земјата, со мнозинство гласови одобри жените да можат да пливаат без горниот дел од костимот за капење во градските базени, прифаќајќи го предлогот на политичките групи на левиот центар и крајната левица.

Според градската администрација, новите правила ќе важат само за двата отворени базени во градот и ќе бидат во сила во текот на претстојната сезона на пливање, пренесува дпа.

„Доколку поради ова се појават негативни околности, правилата на базенот повторно ќе бидат променети“, изјави портпаролот на градот, како што објави агенцијата дпа.

Според претходните правила, на мажите им беше дозволено да пливаат без горниот дел од костимот за капење, додека на жените не им беше дозволено, се наведува во предлогот. Таквата практика, се истакнува, не е во согласност со целите на градот во областа на еднаквоста и заштитата од дискриминација, што подразбира еднакво учество на сите лица без оглед на полот или родовиот идентитет.

Различни правила по град
Хајделберг со тоа им се придружува на неколку други градови на југозападна Германија во кои веќе е дозволено пливање без горниот дел од костимот за капење, без оглед на полот. Меѓу поголемите градови во сојузната покраина Баден-Виртемберг, правилата сè уште се разликуваат. Таквото капење е дозволено во Карлсруе, делумно во Пфорцхајм, додека е забрането во Хајлброн.

Во Германија, можноста жените да пливаат топлес е сè пораспространета, според податоците од Германското здружение за базени (ДГфдБ). Бидејќи не постои унифицирана регулатива на национално ниво, локалните власти или менаџерите на базени ја донесуваат одлуката преку нивните регулативи.

Пливањето без горниот дел од костимот за капење за жени е веќе дозволено во голем број германски градови, вклучувајќи ги Гетинген, Келн, Берлин и Минхен, прнсува дневик.хр.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ