- Во последните 20 години, Бугарија им дала засолниште на повеќе македонски државјани – осудени или обвинети кои избегале за време на судски процеси
- Бугарските институции обезбедуваат политичка или државна заштита за бегалците, дури и лична грижа од високи функционери, како во случајот со Ива Михаилова
Ива Михаилова е последната, која со активна забрана за напуштање на државата и одземени македонски и бугарски пасош успеа да стигне до Софија. Таму и ќе остане, според изјавата дадена за бугарските медиуми. Михаилова му се придружи на нејзиниот татко, Симеон, кој како член на злогласната група „Детонатор“ е осуден на 13 години затвор за обид за убиство, злосторничко здружување и насилство. Михаилов од 2015 година, кога пребега, нормално си живее во Софија, додека по него се’ уште има активна потерница распишана од МВР.
Слушајте радио во живо
Еден од најпознатите бегалци е Владислав Тамбурковски, кому му беа доверени стечаи на големи компании како велешка Топилница, ФАС, Експорт – импорт банката и Газела исто така пребега во Бугарија. Таму оствари успешна кариера отпрвин како универзитетски професор, а потоа како бизнисмен и експерт – консултант. Во Македонија имаше повеќе пресуди со затворски казни, меѓу другото и за проневера на пари.
Екс министерот за здравство Владо Димов во Бугарија дури успеа да најде работа во болница како доктор. Откако беа тргнати обвининијата, се врати во државата.
Прочитајте уште на темата:
Припадникот на единицата „Тигри“ Игор Спасов, кој беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски беше удобно засолнет во Бугарија, додека не беше пријавен во полиција за семејно насилство, па дури тогаш екстрадиран во Македонија. Спасов побегна додека беше на медицинско отсуство, додека издржуваше казна затвор.
Во бугарскиот град Гоце Делчев живееше поранешниот директор на Ветеринарната управа и сопственик на„Џумајлија“ , Зоран Даневски. Тој заминал во Бугарија во 2011 година, кога биле откриени неправилности во работењето во комбинатот. Во април 2014 година, кога почнало судењето во Основниот суд во Штип, македонските власти веќе побарале негова екстрадиција. Даневски имал легален бизнис во Гоце Делчев.
Прочитајте и за ова:
Јавна тајна е дека бегалците се спокојни додека имаат пари да ја плаќаат својата слобода. Но, има и друга, многу попопуларна државна заштита, кога бегалецот официјално се прогласува за репресиран Бугарин во Македонија, по пример на охриѓанецот Христијан Пендиков или сега покојната Спаска Митрова, кои беа прифатени и обезбедени од државните институции.
И во случајот со Ива Михаилова видовме максимална грижа од пратеници и државни институции, лично од претседателката Илијана Јотова и министерот за внатрешни работи Деминџиев, кој дури рече дека ако треба, на Михаилова ќе ѝ биде дадена и лична заштита.






