„Дали си ги видовте децата насилници? Горди сте на нив ? Така ги имате воспитано од дома?“ – Адвокатка згрозена од тепањето дете во Аеродром

Фото: Фејсбук

Вчера во скопската населба Аеродром се случи уште едно врсничко насилство врз дете, каде додека го тепаа 30-тина други дец навиваа. Денес, пак, Вишото јавно обвинителство во Штип донесе решение во кое родителите на децата насилници,кои тепаа друго дете во Штип, утврдило дека „родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело -Запуштање и малтретирање на дете, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“.

Адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која е специјализирана за семејно право и семејно насилство, револтирана на Фејсбук праша: „Дали си ги видовте децата насилници на видеото? Горди сте на нив ? Така ги имате воспитано од дома?“.

Во нејзиниот пост, кој во го пренесуваме во целост, понатаму се вели:

-Не? Епа како станале такви садисти и насилници? Да не случајно ти како татко креваш рака на мајката?Ја кубеш за коса и и лепиш шамари туркајќи ја на колена да то се извини што можеби супата ти се изладила?

Да не случајно мајко ти седиш во бракот поради децата или затоа што ако се разведеш ќе те прават распуштеница,а добиваш шамари и кубење за коса за да се извинуваш на колена за нешто што не си згрешила?

Гледате ли дека во брак со насилство не се останува заради децата бидејќи ќе научат дека тоа е однесување со кое се решаваат проблемите?

Гледате ли дека занемарување на децата и пиењето кафе или пиво со другарите секој ден и гледањето турски серии или фб и инстаграм,седење во кладилница со билтен,наместо дома со децата се одразува на нивното воспитување? Ја гледате ли својата слика?

Пардон,ама моите деца и децата на многу луѓе никогаш не се степале,не решавале конфликт заради озборување со шамари и кубење и понижување на колена! Овие на видеото се вашите деца и ако имате капацитет да сфатите колку од вас и кои од вас ја утнале има уште надеж за децата. Гревот да му го берите! Срам сме како општество!Срам!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ