Грција ги заострува казните за електричните тротинети, а ќе биде задолжително и осигурувањето – споредба со Македонија

Закононските измени поднесени од Министерството за транспорт на Грција ги зголемува казните при управување со тротинети, а пропишува да не смее да се управува тротинет без навршени 17 години. Како што стои во најавата на законските измени, законот  има за цел да ја подобри безбедноста на патиштата при употреба на електрични тротинети, да спречи несреќи и, особено, да ја зголеми заштитата на малолетниците од ризиците поврзани со употребата и отстранувањето на овие возила.

Што предвидуваат измените:

Употребата на електрични тротинети на патот од страна на лица под 17 години е забранета, освен за оние тротинети наменети за лица со попреченост. 

Казните за возачите кои возат електрични тротинети на патишта со ограничување на брзината поголема од 50 км/ч се заоструваат. Казната се зголемува од 30 евра на 350 евра.

Возачите се должни, кога возат, да носат легален документ за идентификација и доказ за осигурување.

Сопствениците на електрични скутери се должни да имаат осигурување од општа одговорност кон трети лица за користење на овие возила. 

Продажбата, изнајмувањето и дистрибуцијата на електрични тротинети на лица под 17 години е забранета.

Компаниите што продаваат, обезбедуваат или изнајмуваат електрични тротинети на лица под 17 години се казнуваат со парична казна од 1.000 евра.

За споредба – законските измени што влегоа во процедура во македонскиот Парламент, пропишуваат управување со тротинети со навршени минимум 18 години. Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата се врши дефинирање на лесно електрично возило. Се предвидува максимална брзина до 20 км/ч, согласно препораките на Европската Унија. Се заострува казнената политика, вклучително и привремено одземање на возилото во времетраење од 30 дена за возење на малолетник, пречекорување брзина, превезување друго лице или возење под дејство на алкохол.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ