▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:
СДСМ поднесе кривична пријава против полицијски службеници од Струмица и Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМН.
Партијата обвинува за злопотреба на службената положба и отдавање службена тајна.
Од како доверливи документи од полицијската евиденција беа јавно презентирани на прес од ВМРО.
ВМРО ОКГ на прес конференција објави доверливи податоци од документи од полицијската станица Струмица.
Документи и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна.
Сега, јавното обвинителство е на потек. За прекршување на законите, мора да има одговорност.
Криминалната ВМРО погреши што дигна рака на младите и прати насилници да ги тепаат.
Погреши ја што направи уште едно кривично дело со злопотреба на доверливи документи и податоци.
Обвинителството ја запри страгата против работениот во Народната банка, кој се сомничеше дека го сокрил пиштолот со кој беа обиени Ванја Георчевски и Панче Жежовски.
По извршените проверки и претреси, обвинителот заклучи дека нема докази, оти осомничениот му помагал на Лјупчо Палевски Палчо во прикривање на оружието.
Пациентите повредени во пожарот во Кочани започнаа со етапно реконструктивно лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје.
По стручните консултации со експерти од регионот, веќе е извршена и првата сложена операција кај еден од најтешко повредените.
Лекарите најавуваат долг процес на рехабилитација за функционално закрепнување.
За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.





