Минерален камен во различна големина, македонски рубин, титниум оксид, дрога денари, евра… Што се не шверцувал скопјанец!

Фото: МВР

Лишен од слобода скопјанец, во неговото возило се пронајдени повеќе парчиња различни минерали, дрога и пари, следува пријава.

-На 09.11.2026 во 23:10 часот во с.Беровци, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода К.С.(30) од Скопје. При контрола на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 61 парче минерален камен во различна големина, 59 парчиња македонски рубин, едно парче амазонит, едно парче титаниум оксид, марихуана, 489720 денари во различни апоени и 10 банкноти по 200 евра. Лицето е задржано во ОВР Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ