Не сум монструм и јас и син ми пиеме вода од Рашче, рече Ѓорѓиевски

Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија или други бактерии, нагласи денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. 

Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

-Денес се чисти депонијата, но никој не спомна дека депонијта таму е 30 и кусур години. Од утринава по групи во градинките и школите шират паники, некоја госпоѓа дознала дека е присутна бактерија. Скопската вода една од петте најдобри води во Европа. Ова е се со цел да се создаде паника.На дневна основа се прават анализи од 36 локации, рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на самата прес-конференција испи чаша вода од скопскиот водовод за да им докаже на граѓаните дека водата од чешмите во Скопје е безбедна за пиење.

Прочитајте исто така: Немаме податоци дека некој има тегоби поради водата во Скопје, вели Цана

-Јас не сум монструм кој ќе дозволи еден живот да биде загрозен. Па и јас и моето семејство и децата пијат од оваа вода. И јс и мојот 8-годишн син пиеме од оваа вода, рече тој

Посочи дека надлежните служби постојано вршат анализи кои покажуваат дека водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ