Пациент од Свети Николе со западнонилска треска е примен на Инфективната клиника

Повозрасен пациент од Светин Николе е еден од осумте пациенти кои се лекуваат во болница со западнонилска треска, додека останатите се од Скопје.
Пацинент од Свети Николе со западнонилска треска е примен на Инфективната клиника
  • Осум заболени се во Инфективната клиника, од кои двајца на механичка вентилација и во тешка состојба
  • Со последниот случај на примен пацинет од Свети Николе, болеста е регистирана и во Скопје (најголем број на заболени), Велес и Свети Николе.  

Двајца од нив се во критична состојба и се наоѓаат на интензивно лекување, интубирани се и се на механичка вентилација, соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести-Скопје, Фадил Цана. Сите се со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска и сите се се заразени во земјата.

Слушај радио во живо

Изминатиот викенд почнина уште еден заболен, кој е осмата жртва годинава на болеста што ја пренесуваат комарците.  

-Се работи за 70-годишен пациент, осми по ред пациент, кој беше примен на клиниката на 25 август во една изразито тешка општа состојба. Веднаш по приемот беше сместен во одделот за интензивно лекување, интубиран и беше на механичка вентилација. ​За целиот овој десетдневен престој, пациентот беше во изразито тешка општа состојба и покрај целиот третман, целиот напор на одделот за интензивна нега, во текот на викендот заврши со летален исход, изјави д-р Цана. 

Прочитајте на темата:

Септички јами, гробишта и канали висок ризик за западнонилска треска, заразен прв гавран

Со последниот случај на примен пациент од Свети Николе, болеста е регистрирана и во Скопје (најголем број на заболени), Велес и Свети Николе.  

Со соопштение реагираше Алијанса за Албанците на поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари:

„Бројките зборуваат сами за себе. Од 2011 до 2025 година се регистрирани вкупно над 54 случаи. Само ова лето, како последица на негрижата на институциите, надмината е бројката од изминатите 15 години, со 58 заразени и осум загубени животи. Кога една единствена сезона ги надминува бројките од 15 години заедно, повеќе не може да се зборува за природна непогода, туку овде очигледно станува збор за институционален неуспех. Вирусот на Западен Нил не е изненадување и не беше непредвидлив за оваа Влада. Тој циркулира со години, а одамна е познато дека најголемиот ризик е во месеците јули, август и септември и дека единствената можна заштита е уништување на жариштата на комарците уште напролет. И покрај сите овие информации, авионската дезинсекција во Скопје беше извршена дури на 20 и 21 август, откако веќе беше прогласена епидемија, откако веќе имаше починати и откако уште пет лица беа приклучени на респиратор. Вака создадената ситуација не може да се нарече управување со криза, туку целосен неуспех. Тоа го потврдуваат и бројките – бројот на починати и заразени е алармантен. Само за споредба, Романија има околу 19 милиони жители, а Северна Македонија околу 1,8 милиони. Романија пријавува 58 случаи на западнонилска треска и 3 жртви, се вели во реакцијата на Алијанса.

Северна Македонија, со повеќе од десет пати помалку жители, има 58 случаи и веќе 8 жртви. Тоа значи околу 3 случаи на еден милион жители во Романија, додека кај нас над 30.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ