Пакистански „Боинг 737“ исчезна над Арапското Море

Фото: You Tube

Товарен авион со пет члена на екипажот синоќа исчезна во близина на пакистанското пристаниште Карачи, откако претходно почнал брзо да се спушта и изгубил контакт со контролата на летање на Обединетите Арапски Емирати.

Пакистанската управа за цивилно воздухопловство објави на социјалните медиуми дека во тек се спасувачки операции во Арапското Море. Причината за исчезнувањето на авионот се уште не е позната.

Авионот од типот „Боинг 737“ на „K2 Airways“ со седиште во Карачи, бил на товарен лет од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати до Карачи кога пријавил проблем со својот навигациски систем во 21:18 часот по локално време.

Според копнениот радар, авионот започнал брзо да се спушта и направил нагло менување на курсот околу 21:21 часот по локално време пред да исчезне од радарот и да го изгуби радио контактот околу 155 наутички милји (287 километри) западно од Карачи. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ