Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Вчера во Скопје на 79 години почина новинарот Бранко Радовановиќ, објави семејството.

Радовановиќ дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство започнал да се занимава уште како средношколец, пишувајќи за весникот „Млад Борец“. Подоцна работел како студент и надворешен соработник на „Вечерње новости“ и „Нова Македонија“. Во периодот од 1977 до 1980 година бил новинар во весникот на МЗТ, а работел и како уредник во „Стопански весник“. Од 1979 започнал да соработува со надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 работел како коментатор и уредник. Во текот на својата кариера известувал од значајни меѓународни настани, меѓу кои и во поранешниот Советски Сојуз, Заливската војна, војната во Босна, за положбата на Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

Од 1999 работел во документарната програма на МТВ, а во 2002 станал уредник во образовната програма. Автор е на текстот и сценариото за документарната програма „Вчера беше денес“.

Покрај новинарската работа, во 1980-тите неколку семестри бил асистент на интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 1994 година го добил признанието „Крсте Мисирков“ за својот придонес во новинарството

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ