Кривична за кочански инспектри, 13 години не превземале ништо за незаконско работење на „кафана“

ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“

-Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено и казниво по член 353-в став 2 в.в став 1, а в.в. член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од 2022 година до 16.03.2025 пријавените како службени лица вработени во Државен инспекторат за труд, иако биле должни да вршат инспекциски надзор над примената на законите, другите прописи и акти во сите дејности од јавниот и приватниот сектор, други правни и физички лица, како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Р.С.Македонија, спротивно на член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор ниту еднаш не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичка состојба во правно лице-угостителски објект од Кочани и покрај тоа што во периодот од 13 години бил единствен објект од таков вид на подрачјето на општина Кочани, информираат од МВР и додаваат:

-Не спречиле незаконско работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица (вработените) на опасност од непроверен и неконтролиран објект од аспект на основните права од работен однос и исполнетост на потребните мерки за безбедност и здравје при работа, со што овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977,00 денари, велат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ