Штипски насилник се заканувал на вонбрачната партнерка, потоа предизвикл пожр во дворот од нејзиниот дом.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „предизвикување општа опасност”. На 30.05.2026 преку социјална мрежа, пријавениот упатувал закани на неговата вонбрачна партнерка, а потоа во дворот од нејзината куќа со запалива течност предизвикал пожар, информираат од МВР.






