Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто, велат од СДСМ

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе, се вели во соопштението од ССМ, кое ви го пренесуваме во целост:

-Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт.

По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо.  Ниту едно изборно ветување не е исполнето.

Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници”.

Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти.

Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните.

Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист.

Македонија не оди напред. Со оваа власт Македонија забрзано се движи кон пропаст.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ