Се’ би дал уште еднаш да го гушнам, вели Дарко, внук на Зоки Фаци на две години од смртта

Денес се навршуваат две години од смртта на почина Зоран Василевски, на јавноста познат како Зоки Фаци. Имаше само 54 години.  По долгата и тешка борба со ракот не успеа да се спаси. Неговиот внук Дарко Митровиќ вели дека времето не ги лекува раните, туку се навикнуваш да живееш со нив.

Речиси две години поминаа од загубаа на Зоки.Како ти изгледа времето поминато без него?

-Како да беше вчера…Отсуство кое не се навикнуваш да го чувствуваш. Учиш да живееш со тоа. Живееш со спомени, сеќавања…Велиме дека времето ги лекува раните, но не било така. Една празнина која што никој и ништо не ја пополнува…

Дали постои некоја случка со него која можеби за другите изгледа мала, но за тебе има посебно значење и засекогаш ќе ја носиш во сеќавање?

-Со Зоки имаше многу случки. Себично би било да одвојам една. Секогаш знаеше да ја промени атмосфера на подобро. Беше човек со големо срце. Човек кои знаеше да посвети време секому.

Луѓето го познаваа Зоки како јавна личност, како човек со силен карактер, гласен став, природна харизма и човек кои секогаш беше без филтер. Но како негов внук ти го познаваше и оној Зоки кој не го гледаше јавноста. Каков беше тој кога ќе се затвореа вратите и ќе останеше само семејството?

-Токму таков беше човек со силен карактер. Природен човек. Полн со емоции. Ист како и пред камерите. Кај него немаше глума. Знаеше да покаже среќа, тага. Неделите ги поминувавме заедно. Заедно го пиевме утринското кафе. Ми раскажуваше за работата, за идните планови. Ми недостига кафе муабетот со него….

Зоки беше човек кој никогаш не се плашеше да го каже своето мислење и секогаш остануваше свој без разлика дали тоа му се допагаше или не.Дали токму таа искреност и храброст да биде свој влијаеше врз тебе и дали постои нешто што си научил од него,а денес го применуваш во сопствениот живот?

-Од него се учеше многу. Научив една цела филозофија како се живее, како се носи карактер и како се оди напред без разлика на околностите и предизвиците. Ме учеше да бидам свој да не се плашам да одам по својот пат и да не се замарам со туѓи мислења и се што правам да правам со целосна енергија, не половична.

Каков однос имавте вие како вујко и внук?

-Убаво изграден однос. Пријателски. Знаеше да се јави навечер откога ќе завршеше со сите снимања да праша кај сум што правам чисто да провери како вујко. Често ми купуваше убави подароци патики, часовник, маици беше среќен кога носев гардероба што тој ми ја купил.Скупичко во негов стил. Знаеше да советува но и да прима совети. Јас често го критикував ако забележев дека некаде греши. Прифаќаше совет но секогаш си тераше по свое.

Дали повеќе беше човекот кој ќе те советува и ќе ти укаже на грешките, оној кој ќе застане зад тебе кога ти треба поддршка или повеќе ви треба како пријател со кои што можеш да разговараш за се?

-Дефинитивно беше вујко кој знаеше да ти го чува грбот, да ти укаже на грешките иако јас ретко грешев. Да биде добар пријател соговорник и да ти помогне. Помогна на многу луѓе. Ретки се луѓето како Зоки. Искрено во денешно време нема такви.

Кога би морал да издвоиш една особина која најмногу ќе ти недостига што би било тоа?

-Дефинитивно искреноста. Во светот на денешното лицемерие недостасуваат искрени луѓе.

Што мислиш дека јавноста никогаш не успеа да го види или разбере кај Зоки? Кој бил оној дел кои го знаевте вие како семејство, а кој можеби никогаш не успеа да стигне до луѓето кои го познаваа само преку телевизија социјалните мрежи и јавниот живот?

-Секогаш постојат луѓе кои те разбираат и луѓе кои не те разбираат. Со причина Бог не спојува со вистинските луѓе. Како јавна личност имаше и своја приватност што е и нормално. Ја делеше со најблиските. Но и со публиката делеше емоции среќа, тага…

Како изгледаа твоите последни моменти со вујко ти Зоки?

-Се сеќавам дека многу плачев но собирав сила за да можев да ги завршам сите обврски. Знаеше дека секогаш може да се потпре на мене.

Што памтиш од последната средба, од последниот разговор или од последниот момент кога го виде и кога денес ќе се потсетиш на тој ден, која е онаа една мисла или чувство што најмногу ти останува во срцето?

-Даре те сакам многу и фала ти за се’. Така заврши нашиот последен разговор….

Кога би имал можност усте еднаш да седнеш со Зоки да поразговараш како порано и да имаш само еден час со него, без брзање и без ништо друго околу вас што би сакал да му кажеш?

-Би го гушнал силно и би му кажал дека многу го сакам. Се би дал уште еднаш да му го видам ликот. Не те заборавив Зоки!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ