САД изведоа нови напади врз Иран. Тензиите растат, Трамп најави контрола над Ормуз

Американската армија заврши нов петчасовен бран напади врз Иран, трета последователна ноќ на воени операции. Вашингтон тврди дека биле погодени воени цели, додека Техеран предупредува дека ќе продолжи да го брани стратешкиот премин Ормут.
  • Американската војска нападна повеќе локации низ Иран во нова ескалација
  • Трамп тврди дека договор со Техеран сè уште е можен и покрај нападите
  • Ормутската Теснина станува нова точка на судир меѓу САД и Иран

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, откако американската Централна команда соопшти дека мисијата траела пет часа и опфатила повеќе воени цели. Операциите се случуваат во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Американски напади врз Иран отвораат ново поглавје во кризата

Американската Централна команда соопшти дека во новата операција биле погодени цели во повеќе области, меѓу кои Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас.

Новите напади започнале рано утринава по европско време, а претставуваат трета последователна ноќ на американски воени дејствија против Иран.

Видете исто така: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран, обвини Трамп

Видете исто така: Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе извршат силни напади врз Иран, но истовремено порача дека дипломатски договор со Техеран сè уште е можна опција.

Во радио-интервју Трамп изјави дека иранското раководство нема соодветен одговор на американските воени операции.

„Тие немаат ништо на своја страна освен големи зборови“, порача американскиот претседател.

Белата куќа потврди дека Трамп го известил Конгресот за обновувањето на воените операции против Иран.

Ормуската Теснина станува нов фронт во спорот

Ормуската Теснина дополнително ја зголеми загриженоста на меѓународната јавност, откако Обединетите Арапски Емирати соопштија дека два нивни танкери биле погодени во ирански ракетни напади.

Во инцидентот загинал еден член на екипажот, според информациите од властите во ОАЕ.

Трамп претходно најави дека САД ќе преземат контрола врз овој стратешки поморски премин и повторно ќе воспостават блокада на иранските пристаништа.

Американската страна најави дека блокадата треба да започне во вторник вечерта во 22 часот по средноевропско време.

Дополнително, Трамп најави дека Вашингтон ќе наплаќа такса од „20 проценти од вредноста на товарот“ како одговор на намерата на Техеран да воведе надомест за премин низ теснината.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи преку платформата „Икс“ одговори дека Иран отсекогаш бил чувар на Ормутската Теснина и дека тоа ќе остане така.

Аракчи порача дека земјата има право да биде платена за обезбедување безбеден и непречен премин на трговските бродови.

„Дваесет проценти се премногу. Ние ќе бидеме правични“, напиша иранскиот министер.

Новата воена ескалација меѓу САД и Иран отвора прашања за понатамошниот развој на кризата, особено поради значењето на Ормутската Теснина за глобалниот транспорт на енергенси.

Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА

Извори: Kanal 77, CENTCOM, Белата куќа

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ