За музичката група „Ориентал“ денес е голем ден! Го слават својот 15ти роденден. И кко што личи за ден вакво голем јубилеј, групата својата публика ја изненади со две песни.
Едната песна се вика „Злато мое“, која е брза и енергична, впрочем како што се и сите во бендот. Музиката и текстот за оваа песна се на Оливера Станковска, а аранжманот е на Никола Дафов. За оваа песна е снимен и видео запис, и тоа на неколку локации во Неготино.
Втората песна се вика „Еј душо, кафно празна“ за која комплетен автор Никола Дафов .Ова песна е дует и бендот ја пее заедно со Ване Биков. И за оваа песна е снимен видро запис и тоа во Демир Капија.

-Искрено се надеваме дека ќе ги прифати публиката овие песни и ке ги пееме заедно на нашите настапи, вeлат од бендот.







