Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште

Фото:МВР

Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата.

-Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати (родител, старател, законски застапник) Министерството за внатрешни работи склучува договор за школување, а со истиот понатаму се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои учеле прва и втора година, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ