Од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан, велат од ВЛЕН

Фото: Википедија

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето, велат од ВЛЕН во соопштението кое ви го пренесуваме во целост:

-Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца”, вели народот.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија” и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби.

Прочитајте исто така: ВЛЕН: Против кого протестираат децата на функционерите на ДУИ?

Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола.

Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан. 

За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ