Укинати ограничувањата на бесплатниот пристап на аеродромот – ТАВ ја повлече одлуката

Престана да важи ограничувањето за бесплатен пристап до 10 минути во зоната Hug & Fly на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Укинати ограничувањата на бесплатниот пристап на аеродромот - ТАВ ја повлече одлуката
  • Со ограничувањето воведено на 1 септември, на возилата им беше дозволен само еден бесплатен влез дневно во зоната „Hug & Fly“
  • Комисијата за заштита на конкуренцијата веднаш започна анализа за да утврди дали овој режим ги нарушува условите за конкуренција и пристапот на такси-превозниците до аеродромот
  • По побараните информации од страна на Комисијата, ТАВ ја повлече одлуката, но Комисијата најави дека ќе продолжи да ја следи состојбата

Со ограничувањето воведено на 1 септември, едно возило можеше само еднаш дневно да влезе бесплатно на аеродромот. Одлуката следеше откако Комисијата за заштита на конкуренцијата уште првиот ден од стапувањето во сила на ограничувањето покрена анализа на новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“.

Слушајте радио во живо

Комисијата од Меѓународниот аеродром побарала информации и објаснување за воведениот режим на влез во аердормот.

-Анализата ќе има за цел да утврди дали воспоставениот режим, имајќи ги предвид условите под кои работат различните такси-превозници и постоењето на посебно овластен аеродромски такси-оператор, може да влијае врз условите на конкуренција и пристапот до аеродромската инфраструктура. Комисијата ќе ги испита оправданоста и пропорционалноста на воспоставените услови, нивното фактичко влијание врз такси-превозниците и дали постојат еднакви и недискриминаторски услови за пристап за сите учесници на пазарот, информираше Комисијата (01.09.2026).

Прочитајте и за ова:

Бизарно: Дрон навечер преку прозорци влегувал во станови во Кочани

Откако било доставено барањето за информации, ТАВ информирал дека ја повлекува одлуката. Од Комисијата информираат дека остануваат да ја следат состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ