Снема струја, престана системот за хлорирање – Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба

Фото: Јутјуб

Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање

Водата од јавниот водовод може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и за сите останати потреби во домаќинствата

Општина Крушево информира дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

-Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш по отстранувањето на дефектот беа преземени сите неопходни мерки за нормализирање на процесот на хлорирање и континуирано беа спроведувани контроли на квалитетот на водата. Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност, информираат од Општина Крушево и додават:

Прочитајте исто така:https://kanal77.mk/problemot-so-vodosnabduvanjeto-na-krushevo-trae-poveke-od-30-godini-veli-gradonachalnikot-niko-choneski/

-Водата од јавниот водовод може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и за сите останати потреби во домаќинствата, без потреба од дополнителни мерки или ограничувања. Општина Крушево и Јавното комунално претпријатие ќе продолжат со редовен мониторинг на системот за водоснабдување и со континуирана соработка со Центарот за јавно здравје – Прилеп, со цел обезбедување сигурна, квалитетна и здравствено исправна вода за сите граѓани. Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата што ја покажаа во текот на изминатиот период, се вели во информацијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ