За еден месец 11 нови случаи на СИДА, девет мажи и две жени

Минатиот месец ( јули), пријавени се 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, информираат од Институтот за јавно здравје.

Од овие 11 лица 9 се лица од машки пол и 2 лица од женски пол, на возраст од 20-49 години, пишува во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули.

„Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во РС Македонија, за периодот 1987–2026, изнесува 765. Евидентирани се вкупно 141 починато лице, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, а 116 лица се водат како изгубени за следење“, пишува во билтенот.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Од другите сексуално и крвно-преносливи инфекции, во јули се пријавени 7 случаи на сифилис, 4 случаи на вирусен хепатитис Б и по еден случај со гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатит Ц.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ