Зет спасил 35.000 евра на баба во Крива Паланка од лажен доктор од Италија

Фото: МВР

Лишен од слобода скопјанец во Крива Паланка, се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, следува пријава.

На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но во меѓувреме се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом, информираат од МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ