Британскиот премиер Стармер поднесе оставка – во емотивен тон ја дочита одлуката пред соработниците и новинарите

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија и од местото лидер на Лабуристичката партија. Во изјава пред Даунинг стрит 10, Стармер кажа дека веќе го информирал Кралот за одлуката.

Тој побара од Националниот извршен комитет на Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање на номинациите за раководството на 9 јули, а да биде завршен до летниот одмор. Ова ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред враќањето на парламентот во септември. Како што објави BBC, дотогаш, тој ќе остане на функцијата премиер.

Стармер беше премиер две години. На крај од излагањето, кое беше дочекано со аплауз, Стармер се бореше емотивно да ја дочита важната објава. додавајќи дека откако ќе ја напушти „најважната работа во земјата“, ќе помине повеќе време на „најважната работа“.

„Да бидам најдобриот сопруг што можам, на мојата фантастична сопруга Вик, која беше карпа покрај мене во добри и лоши времиња и да бидам најдобриот татко што можам за да бидам прекрасни деца, кои се моја гордост и радост“, заклучува премиерот и ја прегрна сопругата пред да замине, без можност за новинарски прашања.

Како наследник на Кир Стармер се споменува Енди Бернам, кој денеска во Вестминстер ќе положи заклетва како пратеник од Мејкерфилд, откако победи на дополнителните избори минатата недела.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ