Алексис Ципрас формира Институт со Научен совет од познати грчки интелектуалци

Кога сите очекуваа дека поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, во чие време беше потпишан Преспанскиот договор, ќе формира нова политичка партија, тој излезе со Институт за мир, правда и одржлив развој.

„Институтот „Алексис Ципрас“ има за цел да развива и промовира прогресивни политики и акции за мир, правда и одржлив развој, во Грција, Европа и поширокиот регион. Тој ја поддржува потребата од поширока конвергенција на демократските и главно прогресивните сили околу кохерентни политики за подобрување на животот на граѓаните, одбрана на демократските вредности и зајакнување на меѓународната, европската и регионалната улога на Грција. Целите на Институтот се рефлектираат и во неговата порака и лого преку симболите на еднаквост, колоната и наизменичното користење на специфични зборови што ги пренесуваат неговите цели“, пишува во објаснувањето за формирањето на Институтот.

Институтот  „Алексис Ципрас“ денес ги објави 41-те имиња што го сочинуваат научниот совет.

Најавувајќи ги имињата, Ципрас  ги најавува како „исклучителна група научници, со врвни биографии и достигнувања, кои ја красат Грција на знаењето“.

-Она што нè обединува е убедувањето дека ако сакаме да ја промениме нашата татковина на подобро, мора да ја запознаеме што е можно подобро. Да ги разбереме проблемите и противречностите на нашето време, да ги проучуваме сите аспекти на општеството и неговото движење и на тој начин да ја развиткаме мапата на иднината, не само, ниту првенствено, со оптимизмот на волјата, туку и со песимизмот на знаењето. А такво нешто е невозможно без одлучувачкиот придонес на просветлените луѓе на науката, пишува Ципрас.

По убедливиот двоен пораз на Сириза на предвремените избори во мај и јуни 2023 година, Алексис Ципрас поднесе оставка. Во 2025 година, тој поднесе оставка од функцијата пратеник на Сириза и најави основање на нова политичка партија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ